Свет

ВИДЕО: Руските специјалци ги апсат исламистите

Припадници на Федералната служба за безбедност во Русија со поддршка на Истражниот комитет, полицијата и специјалната единица на Руската гарда, извршиле апсење на седум личности кои се осомничени за помагање на терористичките организации ИД, Нусра фронт и врбување на граѓаните на Санкт Петерзбург.

Сите уапсени се граѓани од централна Азија кои се доселиле во Русија за работа.

За време на пребарувањето на нивните станови, пронајдена е литература за екстремистичкиот ислам, како и снимки на мобилни телефони, се наведува во соопштението на Комитетот.

Поврзани вести

Back to top button