ВИДЕО: Полицајци извадиле татко на шест деца од автомобил и го застрелале
Полицајците во калифорнискиот град Оринџ во неделата по бизарен судир убиле маж кој се забарикадирал во своето возило, пишува “KTLA”. Претходно пожарникари со вода се обидувале да извлечат мажот од автомобилот.
Жената која се претставила како сестра на мажот, кажала дека станува збор за 33-годишниот Мајкл Антонио Перез, татко на шест деца кој оваа среда требало да прослави роденден. Полицијата подоцна потврдила дека Перез бил застрелан за време на инцидентот.
Инцидентот започнал во неделата во околу 23:15 часот, кога полицијата се обидела да го сопре Перез поради неисправно светло на неговиот автомобил, и поради налог кој се поврзувал со регистарските таблички на неговото возило. Осомничениот не се предал веднаш, но на кракот се предал и се паркирал кај Авенија Вест Кател.
“Прописно беше сопрен”, рекол полковникот Фред Лопез, полициски службеник во градот Оринџ. “Го паркираше своето возило, но не излегуваше од него”.
Перез седел заклучен во своето возило околу 30 минути, а полицајците се исплашиле кога извадил запалка и боца со гас. Кратко потоа пристигнале и пожарникари, и со помош на воден млаз почнале да го извлекуваат Перез од комбето.
“Полицајците можеа да го мириснат бензинот и се загрижија кога тој запали цигара”, рекол Лопез. “Мислевме дека би можел нешто да запали, па преземавме мерки да му го спасиме животот”.
Мажот по кршењето на прозорот со помош на млазот бил изваден од возилото. Кога се нашол надвор, Перез извлекол нож. “Тоа што знаеме е дека во еден момент извади нож – потоа следеше пукање во кое беше вклучен еден полицаец”, објаснил Лопез.
Перез бил застрелан во горниот дел од телото, меѓутоа полицијата не кажала дали се обидел да им наштети на полицајците. “Самиот факт дека некој се вооружил претставува закана за безбедноста, па така и го третиравме” , рекол Лопез.
“Не знаеме дали планирал да изврши самоубиство или можеби да го запали автомобилот. Сето тоа можеше да се случи во даден момент и тоа сакавме да го избегнеме”, рекол полковникот.
Перез по пукањето бил пренесен во болница, каде што починал. Полицијата рекла дека Перез имал “пошироко криминално минато”, додека неговата сестра го опишала како грижлив татко.