(ВИДЕО): Полицаец со своето тело спаси дете од сигурна смрт!

Објавено: сабота, 5 март 2016 во 14:17
Spread the love

Белорускиот полицаец Сергеј Баталко стана вистински херој кога со своето тело го заштити детето кое за малку ќе го удрело автомовил на пешачкиот премин во градот Витебск.

Сето тоа е снимено со камера од друг автомобил каде што се гледа моментот како детето и полицаецот преминуваат улица, а потоа изненадно поминува автомобил.

Благодарение на брзата реакција на полицаецот избегната е трагедија. Тој се здобил со повреди, додека детето немало ниедна.

Управувачот на автомобилот (56) ја изгубил контролата над автомобилот и може да биде соочен со казна од 300 долари и одземање на возачката дозвола 2 години.