(ВИДЕО): Полицаец на одмор во крвава престрелка со бандити
Двајца вооружени мажи не успеаја да ограбат транспортна компанија, бидејќи полицаец кој не бил на работа, чекајќи автобус, започнал престрелка со нив. Ограбувачите се надеваа да избегаат со прометот на канцеларија за продажба на билети во Фортазела во Бразил и го нападнале објектот околу 18:00 часот во вторникот. Но за нивен шок, како што покажуваат снимките од камерата за надзор, тие се соочиле со неочекувана пречка, кога полицаецот Пиетрон Рамирез Соуса да Силва извадил пиштол.
Видеото од инцидентот започнува со тоа како двајцата напаѓачи лежерно влегуваат во канцеларијата. Едниот носи сина капа, а другиот има шлем на главата.
Во еден момент мажите го разгледуваат теренот, по што му велат на работникот зад касата да ги даде парите. Секунди подоцна полицаецот станува од седиштето и почнува да пука. Следува престрелка, како и двете страни истрелуваат по неколку куршуми. Кога полицаецот престанува да пука за да го наполни пиштолот, едниот од ограбувачи избегнува.
Другиот напаѓач е сериозно повреден.
Видеото завршува со кадар едниот од напаѓачите лежи во крв на подот и ја крева својата наметка.
Од полицијата изјавија дека полицаец де Соуса добил само ситни повреди. Повредениот ограбувач е пренесен во болница и е стабилизиран. Полицијата трага по неговиот соборец.