Свет
ВИДЕО: Погледнете како специјалците го ликвидираат терористот кој го закла францускиот свештеник!
На интернет е објавена снимка од Сент Етјен ду Рувра која прикажува пресметка на терористите од Исламска држава кои заклаа свештеник и полицијата.
На видеото се гледа моментот кога напаѓачите излегле од црквата, после што следи акција на спасување на заложниците.
Прикажано е и како француските елитни единици заземаат позиции надвор од црквата додека внатре се одвива вистинска драма.
Полицијата ги идетификуваше двајцата напаѓачи како 19-годишниот Адел Кермик и Абдел Малик П. Тие во текот на утринската миса во католичката црква на северот од Франција земаа заложници и го убија 84-годишниот свештеник Жак Амели пресекувајќи му го вратот, а тешко повредија една монахиња.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.