Свет

ВИДЕО: Под нив се тресе земјата – Русија има најмоќни копнени сили на светот

Германскиот неделник “Focus” ја вброил Русија меѓу трите најмоќни светски земји. Исто така објаснил и зошто руските копнени сили се најмоќни.

Според годинешното рангирање кое го спровел аналитичкиот сајт “Global Firepower”, Русија е втора зад САД, додека Кина е трето место.

Зад тројката најголеми светски воени сили следат Индија, Франција, Британија, Јапонија, Турција, Германија и Италија.

Војските на Мадагаскар, Габон, ДР Конго и Босна и Херцеговина се на дното на листата.

Според податоците на “GFP”, Русија има двојно повеќе тенкови од САД, вкупно 15.398 единици. Американските авиони се побројни од руските, околу 13.444 летала во однос на 3.547.

Русија исто така доминира според бројот на ракетни системи, ја следи Кина, а потоа САД.

Меѓутоа, извештајот на “GFP” го занемарува фактот дека рускиот државен програм за вооружување ќе ја зголеми силата на националната војска до 2025. година, што исто така ќе послужи и како средство за економски развој.

Експертите нагласуваат дека опсежната воена модернизација и порастот на капацитетот за производство на воена опрема, како и растот на хардверското купување, преставуваат најважни фактори во зголемувањето на силата на руската војска.

И покрај редовните извештаи на западните воени експерти дека Русија наводно го губи статусот на главен извозник на оружје, Русија смета на 27 проценти од глобалниот пазар со оружје, што е мало заостанување во однос на американските 31 процент.

Извозот на оружје од Русија во 2016. година достигнал 56 милијарди долари, а нарачките од рускиот државен извозник на оружје “Рособоронекспорт” во Индија до 2020. година ќе изнесуваат 35 милијарди долари.

Повеќе од 70 проценти од овие нарачки се однесуваат на тестирано борбено оружје со висока прецизност.

Русија исто така го модернизира својот програм за нуклеарно одвраќање.

“Напредувавме во подобрување на нашите нуклеарни тријадни системи, во целосен склад со сите наши договори, вклучувајќи го и договорот за намалено стратешко вооружување”, изјавил претседателот на Русија, Владимир Путин, на својата годишна конференција за новинари во декември 2016. година.

Поврзани вести

Back to top button