ВИДЕО: „Огнените топки“ на небото над Eвропа и САД

Објавено: четврток, 16 ноември 2017 во 13:15
Spread the love

„Огнените топки“ на небото над Германија, Франција, Швајцарија, Италија и САД предизвикаа паника кај населението, а некои од нив објавија снимки на социјалните мрежи.

Меѓународната метеорска организација добила голем број позиви од загрижени граѓани кои не знаеле дека станува збор за метеорскиот дожд Тафрид, па првите метеори биле забележани во САД, а неколку часа подоцна и на локации во Европа.