Избор на уредникотМистерии

ВИДЕО: НЛО ги следел американските војници, а изгледал вака

Деновиве беа откриени детали за средбата со НЛО кое ги изненади пилотите на американската војска над Тихиот Океан. Извештајот кој беше откриен датира од 2009 година и тој е напишан како дел од програмата на Пентагон на која работеа неколку агенции.

Сѐ е документирано и поткрепено со видео-снимки кои беа објавени во ноември минатата година, но извештајот содржи и опис на средбата од прва рака.

Од 10 ноември па наваму ракетниот проектил успеал во неколку случаи да забележи радарски контакти со нешто што во извештајот е наведено како „Anomalous Aerial Vehicle (AAV)“. Еден од пилотите вели дека AAV се појавил на висина од околу 19 илјади метри. Пилотот заедно со група негови колеги лебделе на истото место неколку моменти, а потоа си заминале. Во изјавата стои дека тие не успеале да добијат точен траг на леталото бидејќи се движеле со брзина на балистичка ракета, а радарот не бил наместен на програмата која би можела да ја следи ваквата брзина. AAV направил уште еден краток контакт на 14 ноември.

Првиот авион кој ја започна истрагата леташе во близина на местото каде бил забележан AAV, но не пронајде ништо. Меѓутоа, пилотот забележал промени во водостојот на морето, што го потсетило на истиот ефект кој го имаат подморниците кога ќе нурнат под површината.

Во следниот обид за истражување на AAV, повторно беше забележано чудно движење на водата, но над површината на морето леташе чуден објект во облик на издолжено јајце, односно „тик-так“ бомбона. Пилотот во неговата изјава ова го опиша како „цврста, бела, мазна површина, без рабови, еднолично и без крила“.

Како и претходниот пат, AAV едноставно исчезнал во следниот момент. Во извештајот пишува дека на местото каде бил забележан AAV во моментот била и една подморница, но не биле забележани никакви необични активности за време на инцидентот.

Поврзани вести

Back to top button