Избор на уредникотМистерии

ВИДЕО: Нешто прелета покрај нас, не знам што беше тоа, не беше авион

На снимките од пилотските кабини во два одвоени лета, може да се слушне како пилотите се јавуваат до контролата на летото во Албакерки, тврдејќи дека виделе НЛО над југоисточна Аризона.

На 24-ти февруари пилотот на авионот на авиокомпанијата „Леарџет“ до контролата на летот пријавил мистериозен објект на небото додека летал над пустината.

„Не знам што беше тоа. Не беше авион. Прелета покрај нас во спротивен правец“, изјавил пилотот.

Од контролата на летот потоа контактирале со пилотот на друг авион кој што летал во близина и го прашале дали забележал нешто сомнително на небото. Пилотот на авионот на авиокомпанијата „Америка Ерлајнс“ потврдил дека неидентификуван летачки објект прелетал над неговиот авион на висина од 12 километри и имал „силно осветлување“.

“iframe-full-mobile-15″>

„Нешто штотуку помина, точно можеби два километри над нас“, потврдил пилотот на другиот авион.

Првиот пилот кој што ја слушал конверзацијата, запрашал да не станувало збор случајно за балон на „Гугл“, но другиот пилот рекол дека се сомнева во тоа и мисли дека најверојатно станува збор за НЛО.

„Освен разговорот помеѓу двајцата пилоти, контролорот на летот не потврдил постоење на ниту едно друго летало во таа област“, одговориле од американската цивилна воздухопловна агенција.

Поврзани вести

Back to top button