Uncategorized

ВИДЕО: Најкрвавата битка во Европа – Се капеле во крв, јаделе човечко месо

Една од најтрагичните и најужасните поглавја од Втората светска војна, сигурно била опсадата на Ленинград (денешен Санкт Петербург) во Русија. На овој ден во 1944 година, по речиси 900 дена била пробиена опсадата на Ленинград, кој го држеле во заложништво нацистите.

RIAN_archive_324_In_besieged_Leningrad

Опсадата на Ленинград во историјата се смета за можеби една од најкрвавите, бидејќи вистинската бројка на жртвите и денес се уште не откриена, но некои велат дека за време на 872 дена опсада биле убиени или загинати над 1,5 милион цивили.

Официјалните податоци покажуваат дека бројките на жртвите се страшни. На страната на советската армија загинале 1.017.881, во споредба со 2.418.185 повредени или болни за време на опсадата на Ленинград. Според официјалните податоци, бројот на цивили убиени за време на опсадата изнесува 1.042.000, од ​​кои 642.000 биле убиени за време на опсадата, а 400.000 за време на евакуацијата.

Условите за време на опсадата биле ужасни, особено зимата 1941-1942, кога температурата во Ленинград паднала до -40 степени целзиусови. Градот немал греење, а целата водоводна мрежа била замрзната и единствено решение е да се подготви вода од дупка во замрзнатата река Нева, кој минува низ Санкт Петербург (тогаш Ленинград).

Бројни сведоци, кои ги преживеале ужасите на опсадата зборуваат за настаните, за смртта од глад или замрзнување на улиците за време на нацистичката опсада, како и за секојдневниот живот.

„Луѓе паѓаа и умира, а на пролет можеа да видат мртви тела како лебдат по реката Фонтанка. Тоа беше реалност за време на опсадата, дури и децата веќе не беа преплашени„.

Но, тоа не беше најлошото, за време на опсадата почнаа да се појавуваат случаи на канибализам, бидејќи исчезнуваа делови од тела на луѓе кои само што починале на патиштата. Жртви биле жени и деца, а некои од сведоците велат дека за време на опсадата за ова многу добро се зборувало и се знаело..
Канибализам за време на опсадата беше реална, а за ова зборува и предвоената песна која беше преработена, се вели во дневникот на Димитри Лазарев. Нејзините стихови гласат:

“Дистрофичар минува
со празен изглед
Во кошница носи задник од трупот.
За ручек има човечко месо,
Ова парче е добро!
Ух, гладна таго!
И за вечера, јасно
Ќе требам бебе.
Ќе зема од соседите,
Ќе го украдам од колевака. ”
Хитлеровата војска го затвори Ленинград од сите правци, но постоеше една многу опасна слободна линија, која води директно над површината на езерото Ладога, но само кога тоа е замрзнато. Овој пат, Русите го нарекуваа “Патот на живот”. За време на опсадата, граѓаните на Ленинград имале ограничена дневна потрошувачка на леб од само 125 грама, .

На 8 Октомври 1941 година, Ленинград беше затворен од од нацистичките сили, кои биле составени од германски, италијански и фински единици. Финскиот генерал Карл Густаф Емил Maнерхајмкој стана познат во борбата против Русија во т.н. Зимска војна, за која се ‘уште има свежи сеќавања, бил командантот на фински единици. Германските сили биле под команда В. Ритер фон Леб и Георг гон Куцлер. Советските сили биле под раководство на Маркиан Попов, Климент Ворошилов, Георги Жуков, Иван Федуњискиј, Михаил Кхозини и Леонид Говорорвv.

Окупацијата на Ленинград Хитлер ја замисил како уште една во серијата на потези што ќе ја елиминираат Советска Русија како закана за германската доминација во Европа. Уште на 6 август 1941 година, Хитлер заповедал: “Ленинград прво, Подрачјето околу Донецк второ, а трето Москва.”

Поврзани вести

Back to top button