На интернет се појавија видеа од моментот кога бомбашот самоубиец, припадник на ИСИЛ, ја активира бомбата пред влезот на црквата Свети Марко во Александрија.
Експлозијата е снимена од две камери, најверојатно безбедносни камери, на кои се гледа како терористот се обидува да влезе во црквата, но е спречен од обезбедување, а потоа се саморазнесува.
Во овој напад загинаа 16 лица, а 30 се повредени.