Македонија
Вработен во Тутунска банка украл 2 милиони франци и 270.000 евра
![](https://globus2.com/wp-content/uploads/2017/04/banka-trezor.jpg)
Четириесет годишен вработен во Тутунска банка, вчера попладне го ограбил трезорот на банката. Случајот во полиција го пријавил директорот на трезорот во 16:58 часот.
Од полицијата информираат дека вработението Б.С. од трезорот одзел 2 милиони франци и 270.000 евра, ги ставил во ќеса и без да биде забележан излегол од банката.
Полицијата трага по лицето.