На социјалните мрежи овие денови почнаа масовно да се шират фотографии од тројца млади момчиња кои ја консумирале опасната дрога „спајс“.
Фотографиите се снимени во центарот на англискиот град Бриџенд, пренесува Би-Би-Си.
На снимката прикажани се три момчиња кои стојат во близина на училишен двор, видно под влијание на дрога и без свест.
По ширењето на фотографиите, британската полиција ги предупреди граѓаните и повика да се спротивстават на употребата на наркотици.
Граѓаните масовно го споделуваат видеото и коментираат дека момчињата изгледаат како зомби.
Би-Би-Си пишува дека „спајс“ е илегална психоактивна дрога, креирана да го зголеми ефектот на канабисот, но може да има силен негативен ефект на организмот.