ВИДЕО: Мистериозна смрт на свештеникот кој вршел егзорцизам

Објавено: сабота, 14 јануари 2017 во 12:00
Spread the love

Малачи Мартин, свештеник од Ирска, патувал во Америка и вршел егзорцизам. Неговиот близок пријател Роберт Мароу бил агент на ЦИА.

Мароу тврди дека свештеникот практично е убиен, откако му се обратило опседнато четиригодишно девојче. Тој раскажал дека отецот Мартин бил повикан кај едно семејство во Конектикат чијашто ќерка наводно ја обземал ѓаволот.

Кога пристигнал кај нив, девојчето наводно му рекло: „Значи, ти си Малачи Мартин. Мислиш дека можеш да ѝ помогнеш?“ Тогаш паднал низ скалите и ја повредил главата, а на пријателите им раскажал дека невидлива сила го турнула. Недолго потоа умрел од последици од повредата на главата којашто ја претрпел.

Мароу често го возел кај клиентите низ Америка, во која се преселил откако ѝ свртел грб на црквата и рекол дека средбата со опседнатото девојче е нешто најстрашното што го доживеал.

Наскоро ќе биде објавен и документарецот за смртта на свештетникот Мартин Малачи.