Српско обвинителство: Луѓето на Харадинај на бебе во колевка му ја отсекле главата

Објавено: сабота, 14 јануари 2017 во 12:20
Spread the love

Од Српското обвинителство тврдат дека имаа цврсти докази против Рамуш Харадинај дека тој направил тешки злосторства за кои треба да биде испорачан во Србија каде треба да му се суди.

Неговите луѓе оделе толку далеку што прво го убиле а потоа и ја исекле главата на едно бебе, затоа што неговите родители соработувале со српската војска.

– Во една куќа во Ѓаковица упаднале вооружени војници на УЧК и го обвиниле сопственикот дека е соработник на Србите.Тогаш еден од војниците го праша што имаат за ручек.-Празен грав без месо-одговори тој. Во тој момент припадниците на УЧК извадиле пиштол и пукале во бебето кое спиело во колевката, која била ќерка на сопственикот на куќата.Но ѕверовите не се задоволиле и ја отсекле главата на бебето. – Сега имаш месо за ручек- му рекле на таткото- стои во извештајот.

Покрај тоа, во извештајот се наведува дека Харадинај лично ја силувал малолетната Тафаи Нанјимети во хотелот„Паштрик“ во Ѓаковица. Причината била што таа наводно соработувала со српските сили.Поради тоа, Харадинај наредил да ја затворат во соба во хотелот и ѕверски ја измачувал и силувал 40 часа