Мистерии

ВИДЕО: Мистериозен зелен објект прелетал на небото

Додека луѓето во Велика Британија се подготвуваа за дочекот на Новата година, на небото прелета мистериозен зелен објект, што предизвика реакции по социјалните мрежи.

Објектот исчезнал само по неколку секунди, а Меѓународната метеорска организација (ИМО) примила повеќе од 700 повици од луѓе кои виделе зелен блесок на небото во Англија и Шкотска.

Многу луѓе кои посведочиле на оваа необична појава своите видеа ги објавија на социјалните мрежи. Луѓето шпекулираа за што се работи, а ИМО соопшти дека станува збор за метеор кој изгорел во земјината атмосфера и се претворил во огнена топка.

– Една од последните огнени топки во 2017 година, но многу голема огнена топка, напишаа тие на Твитер.

Како што објави ИМО, на крајот на својот светлечки пат, метеорот се распаднал и исчезнал на 20 километри јужно од границата на Англија и Шкотска.

Поврзани вести

Back to top button