Свет

ВИДЕО: Мигрантите успеаа накратко да заземат еден ферибот во Кале

Повеќе десетина мигранти успеаа во текот на вчерашните манифестации во Кале, организирани за нивна поддршка во градот, да заземат еден ферибот во пристаништетот во Кале, јавува дописникот на МИА од Париз. На манифестацијата учествуваа околу 2000 лица, кои им изразија солидарност на мигрантите и ги осудија условите за нивното прифаќање.

Во моментот кога се завршуваше манифестацијата, една група на Авганистанци започна да зборува во микрофонот кој беше употребен за време на дефилето, а другите учесници не сфатија на почетокот за што станува збор. Но набрзо многумина од мигрантите започнаа да трчаат кон пристаништето, каде искористиле дупка во оградата за да навлезат во пристанишната зона и да се качат на фериботот. Полицијата, која беше масовно присутна на манифестацијата, веднаш не сфатила што се случува.

Меѓу 30 и 40  мигранти успеале да се качат на фериботот и останаа подолго, пред да полицијата се качи исто така. Според еден од мигрантите, тие сакале да одат во Велика Британија за да си ги најдат семејствата кои се веќе таму.

Префектурата од своја страна објасни дека група од 500 лица го пробила кордонот на силите на редот и дека 150 лица успеале да навлезат во пристаништето. Мигрантите кои успеаа да го заземат празниот ферибот вечерта беа одведени од полицијата, а пристаништето беше затворено поради безбедносни мерки.

Префектурата ја демантира информацијата за париски Монд дека еден мигрант загинал при евакуацијата на фериботот.

Градоначалничката на Кале Наташа Бушар потврди дека на крајот на манифестацијата имало нереди, посебно во центарот на градот, каде биле испишани погрдни графити на статуите на Генералот де Гол и Ивон Вендру.

На манифестацијата учествувале Французи, Англичани, Белгијци Италијанци, кои сакаа да им изразат солидарност со мигрантите за неактивноста на француската држава, која според нив не сака да им обезбеди подобар живот на бегалците.

На 11 јанури беше отворен привремен центар за прифаќање на бегалците, со 125 затоплени контејенери секој со по 12 места, за да прифатат 1500 мигранти блокирани во Кале. Но според невладините организации, овие капацитети се недоволни.

Поврзани вести

Back to top button