Uncategorized

ВИДЕО: Киднапирал и дрогирал дете на сред на улица: Реакцијата на минувачите била застрашувачка

Видеото кое покажува како еден маж во Кина киднапира дете на сред бел ден, фрлило светло на реакциите на минувачите.

Непознатиот човек на детето му ставил хлороформ на лице. Иако многумина биле шокирани бидејќи детето викало и се спротивставувало, никој не се обидел да го спаси ниту побарал полиција. Многумина само стоеле збунети, со отворени усти, додека другите мирно продолжиле со својата работа, а една жена дури и се насмеала.

За среќа, станувало збор само за експеримент кој го спровел кинескиот блогер Дапанг. Тој сакал да ја крена свеста за сè поголемиот број исчезнати деца.

Дапенг вели дека повеќе од 200.000 деца исчезнуваат во Кина секоја година, а само еден процент се пронајдени.

Поврзани вести

Back to top button