Бизнис

ВИДЕО: Јапонец плати 600.000 евра за туна

Сопственикот на суши ресторанот во Јапонија, Кијоши Кимура ја видел рибата тешка 212 килограми на аукција на пазар и не прашувал за цена.

За пацифичката туна со сина опашка Кијоши Кимура издвоил неверојатни 600.000 евра.

„Знаев дека ќе биде прескапа, но драго ми е што ја купив“, изјави Кимура.

Пацифичката туна со сина опашка се смета за кралица на сушито, а од неа најмногу се цени месото на стомакот, познато во светот по име „торо“ така што Кимура воопшто не се каел. Оваа аукција во 2017 година беше прва по ред на рибниот пазар Тсукији во Токио. По традиција доаѓањето на пазарот каде се продава храна носи среќа, а победата на аукциите на тие прехранбени производи знаат да направат голем публицитет и тоа да биде добра реклама за ресторанот на господин Кимура.

Поврзани вести

Back to top button