Мистерии

(ВИДЕО) Илуминати господарат дури и во вселената: Уништиле вонземјански брод?

Во неодамна објавено видео кое наводно му е предадено на Викиликс се гледа како вселенски брод на тајното друштво Илиуминати уништуваат вонземјански вселенски брод „Црн витез“. Многумина тврдат дека е измама, пренесува Express.co.uk.

Ова е една од најконтроверзните теории на завера кои постојат, но која на основа на стара НАСА снимка сега испливала во јавност.

Сепак, се тврди дека припадници на тајното друштво Илуминати уништиле вселенски брод на вонземјанци бидејќи ја шпиунирал нашата планета.

Илуминати се тајно друштво кое како Слободните ѕидари наводно се обидува да завладее со светот и чии членови се влијателни политичари, бизнисмени и јавни личности.

„Црн витез“ наводно бил стар 13 000 години и него поради шпиунирање го поставиле вонземјанци.

По некои теории, се работи сепак за термално ќебе кое во вселената го оставиле астронаутите на НАСА.

Теоретичарите на завери тоа сепак не ги спречило да тврдат дека објектот е уништен со проектил на аниматерија која ја направиле илуминатите.

Како и да е, откако објектот наводно е уништен се гледа и „капсула за спасување“.

Тајлер Глокер од Јутјуб каналот Secureteam10, тврди дека видеото е ставено од канал кој не е веродостоен.

Посебно е прашањето зошто Викиликс не го коментира постоењето на тоа видео. Експертите за измама процениле дека се работи за капсула на НАСА Хајаваса и нејзиниот понов влез во атмосферата во 2010 година.

Поврзани вести

Back to top button