Свет

ВИДЕО: ИД изврши напад на град на границата со Турција

Портпаролот на бунтовничките и на мнозинските курдски сириски демократски сили изјави дека борците на ИСИС извршиле напад врз Тал Абјад и дека се во тек борби.

И опозициската Сириска опсерваторија за човекови права соопшти дека се водат борби во Тал Абјад, на границата со Турција.

Медиумите поврзани со екстремистите објавија дека ИСИС извршила ненадеен напад во неколку области на северната провинција Рака, каде што се наоѓа и Тал Абјад.

Во исто време, агенциите јавија дека главните градови во Сирија утрово се мирни, по стапувањето на прекинот на огнот во сила.


Поврзани вести

Back to top button