Свет

ВИДЕО: Го видел како дивее со мачета, па го прегазил со БМВ – нови детали од крвавиот напад во Германија

Непознат маж попладнево со мачета нападна неколку луѓе во во градот Ројтлинген. Во нападот загина една жена, а повредени се двајца.

Сведок на настанот за германски „Билд“ вели дека кога го здогледал напаѓачот како дивее, еден возач на БМВ дал гас и го прегазил.

-После тоа тој само лежеше и не се мрдна повеќе – изјавил тој.

proxy

Напаѓачот наводно е 21-годишен мигрант од Сирија, веќе познат на германската полиција.

Жената која настрада работела во донер-ќебапчилница.

На „Твитер“ веќе се појавија фотографии од целиот инцидент. Очевидците велат дека напаѓачот бил вон себе, напаѓал без да гледа каде удира, а се нафрлил и на полициската кола.

Поврзани вести

Back to top button