Свет

ВИДЕО: Државен удар во најмоќната муслиманска земја?

Саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман исчезнал од очите на јавноста после наводните вооружени престрелки во близина на кралската палата во април.

Поради тоа, јавноста на Блискиот исток сега се прашува каде се наоѓа 32-годишниот наследник на престолот на Саудиска Арабија, пренесува иранската новинска агенција „Фарс“.

Во извештајот објавен во средата, агенцијата тврди дека Мохамед Бин Салман не бил виден во јавноста од 21-ви април. Според видео снимките кои што се појавија на социјалните мрежи, тогаш во близина на кралската палата биле забележани вооружени престрелки.

Саудиските власти цврсто негираат дека имало било каков вооружен упад во кралската палата и тврдат дека станувало збор за соборување на дрон кој што неовластено летал во близина на палатата.

Сепак, на социјалните мрежи се појавија видео снимки кои што открија дека навистина има пукотници кои што траат најмалку 30 секунди. Поради ова, медиумите шпекулираат дека во Саудиска Арабија е можно да се случувал државен удар или одмазда на противниците на кралското семејство.

Иранската новинска агенција „Фарс“ пренесува дека без оглед на причината за вооружените престрелки во април, самото тоа што Мохамед Бин Салман го нема никаде веќе две седмици е прилично мистериозно, со оглед на тоа што престолонаследникот беше прилично активен на политичката сцена во последните неколку години.

Исто така, Бин Салман не присуствуваше на средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео кој што се сретна со саудискиот крал Салман и министерот за надворешни работи Адел Ал-Џубеџер.

Сомнително е и тоа што саудиските државни медиуми за време на посетата на Помпео, емитувале стари видео снимки од состанокот на поранешниот државен секретар на САД, Рекс Тилерсон со Мохамед Бин Салман.

Неколку дена после пукотниците пред кралската палата, саудиските државни медиуми објавија снимки и фотографии на Салман со неколку саудиски и странски високи функционери. Сепак, датумот на состанокот не може да биде верификуван за сето тоа да демантира дека престолонаследникот не е исчезнат.

Поврзани вести

Back to top button