ВИДЕО: Џихадистите на Исламската држава го фрлаат оружјето и бегаат
Иранската агенција Фарс јавува дека владините сили се приближиле на околу 320 метри од замокот во Палмира, попознат како Фахр ел Дин ел Мани и на 1,9 километри од главната капија на градот.
„Операцијата на сириската влада беше толку силна што терористите на Даеш го оставија своето оружје и се повлекоа од бојното поле“, ја пренесува Фарс изјавата на извор од сириската војска.
Милитантите на терористичката група, според иранската агенција, биле „изненадени и збунети од брзината и обемот на офанзивата“. Притоа биле убиени десетици терористи и била уништена нивната опрема, пренесува Спутник.
Се очекува наскоро да почне големата акција за ослободување на древниот град, а пред тоа сириските сили планираат да ја вратат контролата врз околината на градот.
Терористите на ИСИС ја зазедоа Палмира во мај годинава и од тогаш делумно го разурнаа античкиот град.