Живот

Машина која размислува како човечкиот мозок

Научниците направиле машина која го имитира начинот на кој човечкиот мозок ги учи новите поими, што претставува напредок во истражувањето на вештачката интелигенција.

masina

Системот е всушност компјутер, кој ја копира човечката едноставна способност да прима и разбира нови концепти, нагласуваат експертите од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) и Универзитетите во Њујорк и Торонто.

Постоечките информатички програми можат да го препознаат човечкиот глас или одделни предмети врз основа на многуте примери на кои биле изложени и од кои можат да извлечат асоцијации.

Новиот компјутер, исто како и луѓето, е во состојба брзо да учи пишани буква од различни азбуки, а научниците се надеваат дека наскоро ќе може да препознава и други симболи, како гестови, движења во танцот и изговорени зборови.

– Сакавме да создадеме машина која ќе може да ги имитира менталните способности на мало дете, изјави професорот од МИТ, Џошуа Тененбаум.

Поврзани вести

Back to top button