Свет

(ВИДЕО) Џихадисти обучуваат деца на калифатот во цркви

Терористите од групата „Исламска држава” ја користат главната христијанска црква во ирачкиот град Тел Кајф,  како центар за обука на деца кои се борат на страната на џихадистите.

Очевидци раскажуваат дека џихадистите  изгореле и уништиле повеќе цркви во градот, каде што голем дел од локалното население се Асирците и се христијани.

Главната црква во Тел Кајф „Светото срце” е преименувана во Абу Талх ал Ансари и претворена во база за подготовка  на „Деца на калифатот”.

Обуките траат меѓу 2 и 3 недели, соопштува локалната телевизија Rudaw, по што децата требало да почнат да се борат.

„Тие беа свесни дека воените авиони не бомбардираат цркви. ИД ја претвори оваа црква во свој штаб. Тајно ги пренесуваат децата од Мосул во црквата“ – сведочи очевидец.

Rudaw додава дека овие деца биле на возраст од 15 години.

Поврзани вести

Back to top button