Свет

ВИДЕО: Дадилката монструм- Сакав да му се одмаздам ​​на Путин за пролеаната муслиманска крв!

Жената која мафташе со отсечена детска глава пред метро станица во Москва, тврди дека го извршила убиството на детето и потоа ја обезглавило со цел да се одмазди за убиените муслиманите од страна на руските воздушни напади во Сирија, пренесува Ројтерс.

Тврдењата се содржат во видео кадри подигнати на интернет и распространети од неколку влијателни руски блогери. Тие најверојатно се дел од објаснувањата на 38-годишната Ѓуљчехра Бобокулова дадени вчера пред новинарите на руските телевизиски канали во зградата на Московскиот суд, каде што се води расправа против неа.

Руските државни телевизии сепак не ги емитуваат деталните објаснувања на Бобокулова.

„Се одмазидв за оние кои пролеваат крв. Путин пролеа крв, авионите извршија бомбардирања. Зошто муслиманите се убиени? Тие, исто така, сакаат да живеат„, вели жената која е муслиманка од Узбекистан.

Во понеделникот Бобокулова се појави пред московска метро станица, носејќи глава на 4-годишно девојче. Тогаш таа извика: “Алах е голем” и мавташе со пресечената глава. Потоа зборуваше против демократијата, а се закануваше дека ќе се самозапали.
Полицијата ја турна на земја и кај неа не беше пронајдено експлозивна направа.

Жената беше бејбиситерка на детето, чија глава ја носеше. Се претпоставува дека таа го убила во неговиот дом, откако неговите родители и неговото братче излегле, а потоа ја запалила куќата и побегнала со главата.

Руските медиуми ја нарекоа жената крвава дадилка. Инспекторите брзо излегоа со хипотезата дека Бобокулова е психички болна и не рекоа воопшто дека се сомневаат на тероризам.

Вчера, кога се појави на суд, дадилката пред новинарите изјави дека Алах и наредил да го изврши тоа грозоморно убиство.

Сега на снимањето жената вели дека сакала да замине за Сирија, но немала пари тоа да го направи.

Во оваа фаза рускиот Истражниот комитет не ги коментирал новите информации околу дадилката убиец.

Поврзани вести

Back to top button