(ВИДЕО) Божиќна поворка избркана од Капитол Мол во Скопје

Божиќната поворка со млади луѓе кои пееле божиќни песни била избркана од Капитол Мол во Скопје.
Според родители на деца кои биле во поворката децата биле избркани од трговскиот центар.
Во видеото кое е снимено и објавено на социјалните мрежи се гледа како децата одат и пејат во трговскиот центар а веднаш потоа и моментот кога обезбедувањето на Капитол Мол им кажува на децата дека мора да заминат.
Едно од децата од поворката на своите родители по краткиот разговор со член на обезбедувањето на Капитол мол вели: Не смееме да пееме овде.
Кому му пречи пеење на божиќни песни на празникот засега не е јасно.
Деца правеле Божиќната поворка во Капитол мол, Аеродром. Многу пристојно и ненаметливо поминувајќи низ трговскиот центар пееле божиќни песни, а обезбедувањето веднаш ги предупредува дека мора да заминат, ги брка.
Капитол мол заслужува да биде трајно бојкотиран заради овој настан! pic.twitter.com/zafOHLTrGC— ☀ М (@arozgj) January 7, 2026



