Македонија

ВИДЕО: Бекир Асани повторно паркира на истото место по инцидентот со полицајката и пајакот

Бекир Асани, поранешниот претседател на општинската организација на ДУИ во Чаир, повторно го паркирал своето возило на истото место каде што при обид пајак-служба да го крене возилото, пајакот ја повреди полицајката. Читатели на „Република“ испратија видео и фотографија, тврдејќи дека Асани е повторно на местото на злосторството- со истото возило на истото место.

Дали овојпат полицијата ќе реагира?! Дали и вечерва пајакот ќе биде победникот, Асани ќе помине без казна, а полицијата со повреда од пајакот?! Ќе реагира ли вечерва полицијата самоволието на членот на ДУИ, кому очигледно никој ништо не му може, па дури ни опасниот пајак?!

Извор: Република

Поврзани вести

Back to top button