Избор на уредникотМакедонија

Вељаноски за обвинувањата за „Монструм“: Бев цел на планирани и оркестрирани напади

Oкако лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешното сведочење за случајот „Монструм“ изјави дека не поседува докази за инволвираност на Трајко Вељаноски во петкратното убиство кај Смилковско Езеро, поранешниот собраниски спикер излезе со реакција на својот Фејсбук профил.

„Премолчував долго време, а тоа не беше воопшто лесно и едноставно за мене.Бев цел на планирани и оркестрирани напади, базирани на класични лаги и измислувања. Политиката во Македонија стана поле каде неморалните, лажливците и луѓето без етика најмногу успеваа во минатите неколку години. Долги години одредени пара-структури протураа лага дека сум бил некако замешан во случајот Монструм. Ми беше тешко да молчам, но знаев и верував дека еден ден се ќе стане јасно и ќе биде чисто дека тоа беше конструирана лага за мое лично оцрнување. Нападот против мене е ништо и е незначајно во споредба со болката на семејствата на петте прерано згаснати млади животи. Одлуката некој да си поигрува со нивните судбини и чувства е тешко бреме кое ќе остане до крајот на животот. Не посакувам на никого да ги преживува лагите и нападите што јас ги преживеав со оваа ниска и гнасна конструкција. Луѓето што ја смислиле и пласирале со години немаат морал. Денес кога се е јасно, јас само ќе им порачам да им стои на чест и совест. Ако имаат чест и совест, нема да им е лесно засекогаш, напиша Вељаноски на Фејсбук.
Денес кога се е јасно, јас само ќе им порачам да им стои на чест и совест. Ако имаат чест и совест, нема да им е лесно засекогаш“, напиша Вељаноски на својот Фејсбук профил.

Денес кога се е јасно, јас само ќе им порачам да им стои на чест и совест. Ако имаат чест и совест, нема да им е лесно засекогаш“, напиша Вељаноски на својот Фејсбук профил.

Прашањето за неговата инволвираност на денешното рочиште го наметнаа родителите на убиените момчиња, кои го прашаа Заев зошто го спомнал неговото име, на една од средбите со мајките на жртвите.

„Не се сеќавам, сите средби беа на барање на мајките. Ако сум кажал тоа, сигурно било споделување на некој написи од квазиновинарите, но, ако и денеска ме прашате, еве ќе кажам дека не поседувам докази за Вељаноски“, изјави Заев на денешното сведочење за „Монструм“

Поврзани вести

Back to top button