Попладнево се случила масовна тепачка меѓу две групи пред средното училиште „Марија Кири Склодовска“ во Скопје.
Како што соопштуваат од МВР еден малолетник е прободен и пренесен на Клиника.
„Во 17,00 часот на бул„3-та Мак.Бригада“ имало нарушување на јавниот ред и мир помеѓу две групи. Со убодна рана се здобил У. Д. (17) и од страна на ИМП е пренесен во УЦ„Мајка Тереза“, информираат од МВР.