Избор на уредникотСвет

Ултрадесничарите ги претепуваа сите кои не личат на Германци (ВИДЕО)

Убиството на 35 годишен маж во германскиот град Хемниц беше причина за одржување на насилните протести на германската ултрадесница. Мажот настрадал вчера во тепачка по повод денот на градот , а според полициското соопштение во тепачката учествувале лица од различна националност. Оваа реченица беше доволна ултрадесничарските организации денеска да почнат да ги претепуваат сите мигранти или лица кои не личеле на Германци .

Насилниците се организирале преку социјалните мрежи , а во еден момент ги имало 800. Полицијата била немоќна пред разулавената толпа , која тепала и кршела се пред себе. Повикале засилување од Дрезден и од Лајпциг за да ги смират хулиганите.

Тие ги гаѓале полицајците со шишиња и камења и извикувале расистички слогани. По извесно време хулиганите биле разбиени , но полицијата и натаму нема сознанија кој го уби вчера 35 годишниот Германец. За сега се уапсени три лица и тоа еден Германец , една жена со Бугарско потекло и еден маж со потекло од Сирија.

Поврзани вести

Back to top button