Свет

Убиваат луѓе и силуваат жени по улиците – Документарец за вистинскиот живот во Саудиска Арабија (ВИДЕО+18)

Документарниот филм со наслов “Saudi Arabia Uncovered” – Саудиска Арабија без цензура, содржи страшни снимки кои ја откриваат варварската пракса во таа држава.

Една сцена прикажува жена окружена со саудиски полицајци на сред улица во Мека. Не ѝ даваат да стане од земјата додека таа очајнички извикува “Не го направив тоа”. Еден маж облечен во бело тогаш замавнува со сабја и во еден потег ѝ ја пресекува главата.

Но, ова не е сцена од филм, туку вистинска снимка од јавно погубување во Саудиска Арабија, и една од бројните брутални сцени во новиот документарец кој има за цел да ја разоткрие бруталноста на режимот во Саудиска Арабија.

Погубувањето на оваа жена, обвинета дека ја убила својата ќерка, предизвикало бес во земјата, не поради нејзиното обезглавување, туку затоа што сè било снимено со камера, и дека убиството може да го види нејзиното семејство.

Филмот покажува како со ваквите погубувања се поставува пример за останатите и како на јавноста не ѝ е дозволено да ги заборави или прости злосторствата. Правниот состав во Саудиска Арабија е базиран на шеријатскиот закон и смртната казна се изрекува за многу злосторства, вклучувајќи неверство, убивање, крадење, трговија со дрога, вештерство, силување…

Друга снимка во документарецот прикажува неколку тела како висат на шипка која ја држат два крана. На наводните криминалци прво им ги отсекле главите, а нивните тела ги врзале и ги обесиле за да ги потсетат граѓаните на тоа што се случува со оние кои ќе изберат да бидат криминалци.

Додека некои од снимките веќе се видени во јавноста, документарецот содржи и некои ретки и никогаш видени снимки и зборува за нераскажаната приказна за мажи и жени кои се осудиле да го кренат својот глас против режимот, и својата храброст ја платиле со животот.

Филмот веќе се соочува со притисок, а саудиската активистка за женски права, Лоујаин ал-Хатлул добила смртни закани бидејќи била дел од документарецот.

Хатлоул претходно била во затвор бидејќи објавила видео на кое вози автомобил, што им е забрането на жените во таа земја, и покрај тоа што неодамна стекнале право на гласање.

Документарецот, кој покрај варварските злосторства и казни, открива и што учат момчињата и девојките во саудиските џамии, допрва треба да биде емитуван, лесно би можел да биде забранет за прикажување.

“Христијаните треба да бидат казнети со смрт, сè додека не ги истребиме. Треба да им се отсечат главите”, рекло едно дете.

Филмот прикажува и потајно снимен свештеник како шири омраза за неисламските религии и го моли Алах да ги убие сите кои не се муслимани.

Документарецот “Saudi Arabia Uncovered” треба да биде емитуван на 22. март во САД.

Поврзани вести

Back to top button