Свет

Турците им се заканија на Американците: Направивте голема грешка поради која ќе зажалите!

Турскиот амбасадор во Вашингтон порача дека американските власти направиле голема грешка поради Курдите…

Сердар Килич, турскиот амбасадор во Вашингтон им порача на Американците дека прават „огромна стратешка грешка“ поради нивната поддршка на. Понатаму, турскиот амбасадор порача дека САД поради ова „ќе зажалат, но тогаш веќе ќе биде предоцна“.

Некои оваа изјава на турскиот амбасадор ја протолкуваа како последна закана од Турција упатена кон Соединетите Американски Држави во моментите кога односите помеѓу доскорешните големи партнери стануваат се понапнати.

Во интервјуто за весикот “The Washington Post”, Килич изјави: „Администрацијата на Обама ја стави членката на НАТО – Турција на иста страна со курдските “PYD”, а станува збор за сојузник и една обична терористичка организација“.

Да потсетиме, Турција ја смета сириската курдска организација “PYD” за терористичка организација, најмногу поради тоа што сириските Курди тесно се поврзани со Курдите од Турција, односно Работничката партија на Курдистан.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган веќе во неколку наврати го осуди таквиот американски став и јавно го повика Обама да избере кој ќе му биде партнер – Турција или Курдите. Сепак, се чини дека Американците не обрнуваат преголемо внимание на тоа, па неодамна висок фунцкионер од администрацијата на Обама имаше средба со генералите на курдската “PYD” во Кобане.

Поврзани вести

Back to top button