Свет

Тука припадниците на ИД ги чувале своите сексуални робинки

Жените биле приморани во овие ќелии да седат од утро до мрак, во нив да јадат, пијат, спијат. На снимките се прикажани празни јами, а нема објаснување каде се наоѓаат заробеничките кои во нив биле затворени.

zandani

На ѕидовите се забележани и цртежи кои ги оставиле зад себе, а кои ги прикажуваат нивните поранешни куќи и членовите на семејствата.

„Тешки повреди на човековите права се случуваат во Сирија на дневно ниво, а покрај масовните убиства, вклучени се и грабнувања, мачења, силувања и уништувања на светите места“, соопштија Обединетите нации.

Јазидите се една од најчестите цели на етничкото чистење што го спроведува Даеш (ИСИС). Во ирачкиот град Синџар беше откриена масовна гробница со тела на 80 жени, кои биле убиени затоа што биле престари за терористите да ги користат за секс.

Поврзани вести

Back to top button