ЦИА знаела сè за сите, освен за оваа земја
Централната разузнавачка агенција не знаела многу тајни на Израел, покажале неодамна објавените документи, што е спротивно на легендата дека Американците знаат, или можат да дознаат сè за таа земја, пишува израелскиот весник “Харец”.
Тие прислушуваат, тие фотографираат, тие шпионираат и имаат агенти во врвот на владата и војската. Меѓутоа, тој впечаток во ерата пред компјутерите бил погрешен, покажуваат илјадници разузнавачки документи на ЦИА кои се однесуваат на Израел и кои во последните недели им се достапни на сите. Во нив се наведува дека ЦИА основа тим да го процени физичкото и менталното здравје на светските лидери, вклучувајќи ги и советските лидери, францускиот претседател Митаран и кубанскиот Фидел Кастро.
Некои од тие материјали биле достапни од порано, но за да се прочитаат требало да се пријавите во Националната архива во предградието на Вашингтон.
Повеќето од речиси милион страници биле произведени од ЦИА, но има и материјали од министерството за одбрана и надворешни работи и други разузнавачки агенции. Всушност не било сè објавено, па дури и во тоа што било, постојат цензурирани параграфи и цели страни за нуклеарни информации.
Сепак, тие материјали откриваат големи тајни на ЦИА за Израел: дека Американците знаеле по некоја тајна, но дека има многу трачеви и погрешни идеи. Фокусирањето на здравјето на советските лидери пред сè, а најмногу Леонид Брежњев е евидентно, но и оние кои дошле по него. Причината за тоа е разбирлива, бидејќи од 1982. до 1985. година еден по друг умреле Брежњев, Јуриј Андропов и Константин Черњенко.
Покрај тоа што анализирале видео снимки и фотографии за да пронајдат знаци на болест, ангажирани биле и психијатриски експерти да ја проценат менталната состојба на глобалните политичари и да даваат инструкции на претседателите на САД со кои тактики да се служат кога разговараат со нив, пренесува британски Independent.
И покрај тоа, ЦИА била во целост несвесна дека израелската премиерка Голда Меир боледува од терминален лимфон. Агентите тоа го откриле дури кога умрела во 1978. година.
“Ние апсолутно немавме идеја за нејзината фатална болест”, напишале во еден доверлив документ, пренесува Харец.
Покрај тоа, САД не знаеле кои се мотивите зад одлуката на Израел преку јавно радио лажно да ги мобилизира израелските воени резервисти во април 1959. година.
Реалната причина била да се постави заседа на египетските воени сили во создавање на впечаток дека Израел ќе ги нападне. Израелските лидери верувале дека Египет ќе одговори со праќање на авиони за надгледување над пустината Негев, каде израелските воздухопловни сили можеле да ги пресретнат.