Избор на уредникотМакедонија

ЦИА: Русите спремале воена интервенција – Биле за формирање на Македонија во природните граници!

Според документите на ЦИА од 1950: СССР во борбата против Тито работел на обединување на Македонија.
Од документите што ЦИА неодамна ги објави дознаваме дека постоел некаков комитет за слободна Македонија што бил финансиран од Советскиот Сојуз, а задачата му била да организира востанија за обединување на македонската република, во чиј состав требало да влезат и пристаништата Солун и Александропулус.
Централна разузнавачка агенција (ЦИА) на САД неодамна објави повеќе од 12 милиони тајни документи меѓу кои има и илјадници што се однесуваат на Македонија и на поранешна Југославија.

Комитетот за слободна Македонија, според овие документи, располагал и со помали воени единици распоредени во солунскиот регион и бил под политичко водство на амбасадорот на Советскиот Сојуз во Софија.

Во документот што се однесува на обединувањето на Македонија се вели дека разузнавачите на ЦИА имале информации дека Советскиот Сојуз тогаш бил спремен и воено да интервенира со нејзините воени единици во Бугарија. Планот на СССР бил по обединувањето, Македонија да се соедини и Албанија во една нова голема држава.

Планот бил Македонија на север да се прошири и до Призрен, Приштина и Врање, а на исток до Радомир и Пирин. Пристаништето Кавала било планирано за Бугарија да има излез на Егејско Море.

Во Бугарија тогаш биле стационирани 15 тенковски дивизии, а во Албанија и дел од руската флота. Востанието, пишува во белешките на ЦИА, требало да биде претставено како обид на Македонците да се ослободат од „режимот на Јосип Броз Тито“. Во овој период, по Информбирото, односите меѓу Југославија и Советскиот Сојуз биле затегнати, а Тито бил прогласен за шпион на Западот.

Во еден друг документ на ЦИА

Во еден друг документ на ЦИА била објавена и карта на Голема Македонија со опис на „македонскиот проблем“ во 1949 година. Контроверзното македонско прашање е способно да разбуди силни национални чувства во Југославија, Бугарија и Грција и е главен извор на нестабилноста на Балканот, а може да се влоши и поради борбата меѓу Тито и Информбирото, пишува во документите на ЦИА. „Ако Советскиот Сојуз реши да воведе дополнителни мерки во кампањата против Тито и да ја врати контролата во Јужен Балкан, Македонија ќе биде важен дел од тие планови со можни герила-акции“, забележале разузнавачите на ЦИА.

Тие информирале дека Македонија генерално се простира на површина од 25.000 квадратни километри и во Северна Грција и во Западна Бугарија.

ЦИА забележала и тоа дека желбата на Славо­Македонците и на националистичкото движење ВМРО за обединување на териториите и национална автономија тлеела од почетокот на минатиот век, но никогаш не била практично реализирана главно поради конфликтните интереси на големите сили, но и внатрешните несогласување и апатијата меѓу Славо-­Македонците.

Поврзани вести

Back to top button