Три деца бомбаши- самоубијци убија шест лица, 24 се ранети

Објавено: понеделник, 21 декември 2015 во 16:29
Spread the love

Три деца, кои на себе носеле експлозив, се саморазнеле крај еден контролен пункт во североисточна Нигерија, при што убиле шест лица, а раниле најмалку уште 24 други, соопшти денеска нигерската армија.

bombas-samoubiec-dete-640x321

Армискиот потпарол Сано Кукашека Усман изјави дека децата бомбаши-самоубијци, кои биле на возраст меѓу 10 и 15 години, нападот го извршиле синоќа на контролниот пункт во Бенишеик, град во североисточната покраина Борно.

Усман додаде дека војската вчера во операција во истата покраина убила најмалку 12 припадници од терористичката група Боко Харам.

Од почетокот на дејствувањето на Боко Харам, пред шест години, во напади извршени од нејзини припадници загинаа околу 20.000 луѓе, додека 2,3 милиони беа принудени да ги напуштат своите домови, покажуваат податоците на „Амнести Интернешанл“ и ОН.