Македонија

Тетовчанки прифатиле непознато лице на Фејсбук, тој им ги злоупотребил фотографиите

Дваесетгодишната Б.М. и една година помладата Е.М. од тетовското село Пирок, вчера пријавиле дека непознато лице ги злоупотребило нивните лични податоци на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

Непознатиот, кого на овие мрежи го прифатиле за пријател, набрзо почнал да ги злоупотребува разговорите со нивните блиски роднини и да објавува фотографии и содржини со невредлива содржина.

Се превземаат мерки и активности за расветлување на пријавеното и за откривање на лицето кое ги злоупотребило личните податоци на двете пријавителки.

Ваквите злоупотреби, инаку во последно време се повеќе зачестија на пошироките тетовски простори, поради што од Секторот внатрешни работи Тетово со совет до корисниците на социјалните мрежи- да бидат крајно внимателни, да не воспоставуваат контакти и да не споделуваат лични податоци и фотографии со непознати.

Споделените податоци на најразлични начини потоа можат да бидат злоупотребени, но и да причинат други несакани појави и ситуации, неретко и безбедносно ризични.

Поврзани вести

Back to top button