Тајните на банкнотата од еден долар
Можеби не вреди многу, но, во последно време доларот привлекува сè повеќе внимание. Некои велат дека симболите се дел од тајна теорија на заговор, додека други веруваат дека знаците што се поклопуваат со масонските се чиста случајност.
Подолу имате можност да погледнете неколку од нив и да заклучите сами дали тие имаат скриена симболика.
1. Буквата во кругот. Овој симбол ја означува федералната банка каде што банкнотата е произведена. Оваа федерална банка е од Сан Франциско, која е всушност 12-тата банка, како и буквата „L“ која е 12-та по ред во азбуката.
2. Бројот 13. Пирамидата има 13 скали, орелот држи 13 стрели, масилновото гранче има 13 плодови, додека над ореловата глава има 13 звезди. Исто така, интересен факт е тоа што Соединетите американски држави ја започнале унијата со 13 земји.
3. Римскиот број кој го означува бројот 1776, односно годината кога Америка стана независна.
4. Звездата на Давид. Легендата вели дека овој симбол бил вклучен во оддавањето почит кон борците за време на американската револуција, но всушност, овој симбол го одбележува американското знаме во неговите почетоци.
5. Обликот на крст. Секој од четирите рабови на банкнотата го содржи овој симбол. Се верува дека е знак на витезите од Малта, но исто така, бил популарен симбол во тоа време.
6. Окото во триаголник. Контроверзниот симбол директно нема поврзаност со слободното масонство, бидејќи во тоа време не го употребувале. Симболот го означува окото на господ и американското мото „Во бога веруваме“.
7. Хинду божицата Шива. Некои велат дека во дизајнот е вградена сликата на божицата, но, на некои им изгледа дека нема никаков лик во позадината.
8. Доколку ја превиткате банкнотата како на фотографијата ќе добиете фраза која вели: „Алчните обединети држави“. Сепак, сите овие симболи се релативни, а сами одберете дали ќе верувате во тајната симболика.