Од оваа година Министерството за економија воведува субвенционирање на домаќинствата за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци. Од Министерството изјавија дека за овие субвенции огласот ќе биде објавен до крајот на месецов, и ќе трае до крајот на август.
-Ќе се надоместува дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2017-та година, таа намена се обезбедени дури 20 милиони денари, при што се надоместуваат до 50 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство- информираат од Министерството за економија.
Надоместокот на дел од средствата за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци ќе имаат право да го остварат лицата кои имаат купено и вградено во своите домови ПВЦ или алуминиумски прозорци во периодот од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот оглас.