Хуманитарна забава за малиот Лука Јовановски
Објавено:
среда, 25 јануари 2017 во 09:38
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар денеска организираат голема хуманитарна забава за малиот Лука Јовановски.
Малиот Лука има само една година, а се справува со редок вид рак на окото – Ретинобластома. За неговото лекување потребни се 20.000 евра и треба да се соберат пред да наполни 2 години во март годинава.
Хуманитарната забава ќе се одржи во Брик Бар со почеток во 17 часот.