Македонија

Српски Информер: Руските служби доставиле информации за план за дестабилизација на Македонија

Рускиот претседател Владимир Путин и српскиот премиер Александар Вучиќ ќе се сретнат во текот на март во Москва, каде ќе се договори убрзување на испораката на шест „МиГ-29“, но и друга воена опрема и ново вооружување за Српската војска

Освен реализацијата на воено-техничкиот договор во Белград и Москва, Путин пред Вучиќ ќе ги соопшти и драматичните сознанија на руските разузнавачи за опасните планови на НАТО пактот кој има намера да предизвика војна во Македонија и целиот регион, наведува „Информер“.

Поголем дел од информациите од извештаите на руските разузнаваче веќе е доставен до српските власти.

Путин со најблиските соработници, пред све министерот Сергеј Шојгу, дал наредба да се убрза испораката на шест „МиГ-29“, ракетни системи и останата опрема која е договорена за модернизација на српската војска. Се очекува да стане збор за унапредување на воената соработка и заедничка соработка во наменската индсутрија.

Вучиќ и Путин ќе разговараат за можноста Србија да добие „интервентна воена помош“ во случај на ескалација на судирите во регионот.

Поврзани вести

Back to top button