Избор на уредникотСвет
Српската војска на нозе: Соборен дрон над касарната во Рашка!
Српските вооружени сили пред 20 минути собориле дрон над касарната во Рашка, пишува Блиц.
Претходно беше забележано набљудување и извидување на касарната, па армијата по наредба на врховниот командант дејствуваше и го собори дронот.
Наскоро се очекува соопштение од Војската на Србија, објави Блиц.
Инаку вчера претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили Александар Вучиќ издаде наредба веднаш да се уништат сите непријателски беспилотни летала на територијата на централна Србија.
Наредбата доаѓа по инцидентот што се случи во околината на Рашка, кога непознати дронови ги набљудуваа касарните и позициите на војската на Србија.