Мистерии

Според ловец на НЛО: САД во Областа 51 го кријат Милениумскиот сокол? (ВИДЕО)

Потрагата по вонземските облици на живот не губи на популарност, но додека некои „ловци“ до детали ги анализираат фотографиите на НАСА од околните планети и сателити, еден од нив е сигурен дека доказ за нивното постоење го нашол на Земјата, поточно во американска сојузна држава Невада, односно во озлогласената воена база Област 51.

Скот Ворнинг тврди дека благодарение на Гугл мапите и опцијата „патување низ времето“ на таа апликација, во еден од хангарите во Областа 51 нашол објект што неодоливо личи на, ни помалку ни повеќе, култниот Милениумски сокол, вселенскиот брод од „Ѕвездени војни“.

Ворнинг „доказот“ го нашол уште во 2010 и од тогаш предупредувал дека Гугл наскоро ќе ги види доказите и дека ќе ги избрише спорните фотографии. Тој тогаш ги даде и точните координати, но по некое време таму не можело ништо да се види. Сепак, Ворнинг сега реши да им помогне на сите љубопитни „НЛО-вци“ така што на својот канал на Јутјуб постираше видео во кое објаснува точно што и каде видел.

„НЛО-то е сместено во хангар“, тврди тоа, поткрепувајќи го своето „откритие“ со тврдењата на Боб Лазар, поранешен владин научник и инженер, кој во неколку наврати тврдеше дека видел НЛО токму на тоа место.

„Јасно се гледа кружен објект под покривот на хангарот. Изгледа како таму да го паркирале бродот Милениумски сокол“, вели Ворнинг.

 

 

Поврзани вести

Back to top button