Советот на општина Пустец ги врати македонските топоними на населените места

Објавено: недела, 17 април 2016 во 11:57
Spread the love

Советот на општина Пустец донесе едногласна одлука со која на сите населени места во општината, по четириесет години им се вратија нивните автентични топоними. Одлуката само формално треба да ја одобри Префектурата на Корча со што станува правосилна.

Со одлуката се врќаат македонски топонимии на селата во општина Пустец: Zaroshkë – Зрноско, Lajthizë – Леска, Djellas – Шулин, Gollomboc – Глобочени, Kallamas – Туминец, Goricë е Madhe – Горна Горица, Goricë е Vogël – Долна Горица.

Албанскиот парламент на 18 март едногласно го донесе Законот за враќање на автентичното име на Пустец, со што се даде право Советот на општината да донесе одлука за населените места.