Живот

Совети како да се заштитите од „демначи“ на интернет

Главното прашање во денешниот свет на современата технологија е – Како да се заштитите на интернет. Многумина мислат дека тоа е невозможно. Сте го ставиле својот живот на интернет – од љубовен до деловен, се се случува и развива толку брзо што немате време да застанете и да размислите како да ја сочувате својата приватност.

Особено треба да бидат внимателни оние кои користат сајтови за запознавање, бидејќи таквите сервиси се “најранливи“ за демнење. Она што можете да го направите е да се заштитите. Токму како што имаме граници во секојдневното „лице в лице“ ситуации, така мораме да правиме и граници на интернет.

Еве неколку корисни совети како да избегнете да бидете жртва, а кои ги дава сајтот Psychology Today:

  1. Кога користите сервиси за запознавање, не го откривајте своето презиме или бројот на телефон се додека не се сретнете со лицето со кое се допишувате.
  2. Наместете потсетник на секои 30-45 денови да ги промените шифрите кои ги користите за секој сајт, вклучувајќи го и мејлот, Фејсбук профилот и сл.
  3. Ако сајтот ви нуди да креира шифра за вас – прифатете, алгоритамот секогаш ќе смисли шифра која е многу потешко да се пробие.
  4. Прифатете ги барањата за пријателство само од лицата кои ги познавате.
  5. Не одговарајте на приватните пораки на било која друштвена платформа доколку не знаете кој ја испратил.
  6. Наместете ги безбедносните подесувања на Фејсбук така што ќе го ограничите пристапот до вашиот ѕид за сите освен за пријателите.
  7. Можете лесно да блокирате било кој кој се однесува сомнително на социјалните мрежи.
  8. Не споделувајте конкретни детали за тоа каде сте или непотребни лични информации на било која социјална мрежа.
  9. Доколку некој ве слика или снима за да ве постави на интернет имате право да го спречите.

На вас останува да се заштитите најдобро што можете. Споделувајте на интернет одговорно и верувајте и на интуицијата.

Поврзани вести

Back to top button