Uncategorized

Со љубовна видео приказна, пејачот Кирил Митоски започнува соло кариера

Кирил Митоски, пејачот од музичкиот состав „Академци“ после цели девет години успешна кариера и одржани повеќе од 1000 свадбени веселби и настапи одлучи да ја напушти групата и да започне да гради музичка кариера како соло изведувач.

kiril

Првото дело со кое и официјално пејачот Кирил Митоски ја продолжува својата музичка кариера како соло изведувач е љубовната видео приказна за темата “Само љубов да не води” која премиерно ја изведе на реномираниот музички фестивал за народни мелодии „Валандово“ во 2014 година. Музиката и аранжманот на песната се дело на Дарко Илиевски, додека текстот го напиша Орце Зафировски.

Видео приказната за оваа песна е снимена на неколку локации во околината на Скопје, поточно на прекрасните Матка и Козјак под режисерската палка на Арт Продукција. Фитнес тренерот Бојан Тодороски и прекрасната Ангела Јаневска во одлична атмосфера го доловуваат моментот на заљубен пар и совршено се надополнуваат на љубовната песна која одлично котираше на топ листите на радио станиците низ Македонија. Реализацијата на овој проект е потпомогната од скопската општина Ѓорче Петров, додека Студио Виола се погрижи за стајлингот, а Маја Саздановска за шминката.

Пејачот Кирил Митоски од 2007 година е вработен како пејач Солист во Националниот ансамбл „Танец“, а цели девет години беше задолжен за најдобрите свадбени веселби низ нашата земја. За прв пат како солист се појавува на фестивалот „Цветници“ во 2014 година, каде ја изведува песната “Оди си остави ме” сo кoјa Кирил го освојува второто место. Неговата соработка продолжува со сите музички групи, а до крајот на 2016-та година во продажба треба да излезе неговиот прв студиски албум кој дополнително ќе ја збогати македонската музичка ризница.

Во продолжение погледнете ја љубовната приказна за темата „Само љубов да не води“ на Кирил Митоски.

Поврзани вести

Back to top button