Мистерии

Снимка од Марс: На Црвената планета имало војна, а цената која била платена е преголема

Теоретичарите на завера досега повеќе пати воочиле необични предмети на Марс, а според најновите тврдења овој пат на соседната планета воочиле топовска кугла.

На фотографијата која ја снимил НАСА Ровер, еден јутјубер воочил правилна метална кугла која ја смета за топовски куршум.

-Оваа метална кугла има совршен облик и одговора на големината на топовска кугла, вели Скот Ц. Варинг, кој вели дека тоа е доказ дека имало војна на Марс.

Тој додава и дека камењата околу куглата се доказ за цивилизација која порано таму постоела, а дека куглата е испукана кон планетата за да ја уништи нејзината атмосфера.

Верувам дека оваа кугла и милиони слични се испукани кон Марс од вселената за да ја уништат нејзината атмосфера. Доволно голем дожд од метеори би можел да ја уништи атмосферата на Марс и да го избрише целиот живот од површината на планетата.

Сепак, не се сите толку уверени во неговите тврдења.

-Изгледа како да е вештака, но дури и на земјата наоѓаме целосно правилни камења, кои настанале со сила на природата. Без да ја истражиме прописно куглата не можеме да носиме заклучоци дали се работи за некои активности, вели Најџел Вотсон, автор на книгата за истражување на НЛО.

Поврзани вести

Back to top button