Свет

Снимени се мигрантите кои сакаа да украдат бебе во Србија

Неколку минути пред да се обидат да го киднапираат бебето, мигрантите биле снимени со безбедносна камера во близина на менувачница, каде што четири од нив замениле 10 евра, пренесува српски Курир.

Вработената од менивачницата за српски Курир објаснила дека тие биле весели и насмеани, што значи со ништо не се навестувал нападот кој се случил една минута подоцна.

Братот на жената, на која мигрантите се обиделе да го киднапираат нејзиното дете вели дека овој град не е безбеден!

– Прво дојдоа тројца, а потоа им се придружи и четвртиот. Тие ги заменија парите, се туркаа едни со други и се насмевнуваа. Ова утро дознав она што се случи и јас сум ужасно вознемирени во врска со тоа – изјави работничката на менувачницата Јелена Црвенковиќ.

Снимката покажува како една жена, во време кога тие се во предниот дел на менувачницата, на спротивната страна на улицата турка количка со други две мали деца.

Поврзани вести

Back to top button